Владата на Никола Груевски веднаш по доаѓањето на својата функција во јуни 2006 година одобрила кредит за дофинансирање на филмот „Сенки“ на режисерот милчо Манчевски кој заедно со каматите по исплатата ги чинела граѓаните 43.687.478 денари.

Ова го покажуваат документите кои ги доби ЦИВИЛ Медиа преку слободен пристап до информации, каде се гледа целосна информација на финансиските трансфери кои Министерството за финансии и Министерството за култура, како и одлуките на Владата, кои ги правеле до продукциската куќа „Сенки“ од Скопје преку Годишната програма за финасирање програми и проекти од национален интерес во културата.

Со ова вкупната сума која ја добил Манчевски за филмот „Сенки“ е 91.146.978 денари и 43.687.478 или вкупно 134.834.456 денари ( 2.192.430 евра).

Во Извештајот за филмот кој министерствотот за култура го доставило во 2007 година, во периодот на донесување на ребалансот на буџетот во 2006 година се префрлени 51.201.243 денари, така што останал долг од 67.650.000 денари.

Но наместо оваа сума, обезбедени се 35.353.000 денари, а со прераспределба на средства се обезбедени дополнителни 3.097.000 денари, така што останал долг од 29.200.000 денари.

Со програмата за филмска дејност следната 2007 година преку министерството за култура за филмот „Сенки“ се обезбедени 4.600.000 денари, а за остатокот од 24.600.000 денари со Одлука на Владата овластен е тогашниот министер за култура Благој Стефановски да потпише менична изјава за да може Манчевски да земе кредит од 43.050.000 денари, согласно потпишани договори за цесија кој ќе го плаќа Министерството за култура, поточно граѓаните преку буџетот и тоа во време кога владееше економска криза.

Каматната стапка на овој кредит е првично 9 проценти, а потоа министерството барало да доплати на повеќе рати, па каматната стапка се намалила на 7 проценти.

11
Инаку сопственик на „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“ според документите е токму Милчо Манчевски, но заведен е како американски државјанин, додека пак компанијата покрај приоритетната дејност филмска продукција има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

Извор: ЦивилМедиа