Цветан Трипуновски во името на ВМРО-ДПМНЕ, оваа недела одржа неколку прес конференции на кои обвинува за склучување на спорни договори помеѓу МЗШВ и неколку физички лица.

Иако од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш го демантираа и објаснија дека уште на 27 октомври 2021 година, по добиено сознание, од тогашниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување – фалсификување на службена исправа, Трипуновски продолжи да објавува за како што вели нови спорни договори.

 

Но, лицето кое што во јавноста вади лажни договори што се фалсификат и шири паника и несигурност кај земјоделците и граѓаните треба да биде повикан од надлежните органи на прогонот и да одговори на многу прашања.

Од тука, логички се поставува прашањето, ДАЛИ ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ МОЖЕБИ Е ДЕЛ ОД ОРГАНИЗИРАНАТА ГРУПА КОЈА Е ПРИЈАВЕНА ОД МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ?

Ниту еден од договорите до кои наводно има дојдено Трипуновски не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се согласно пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и иститите се со архивски броеви кои се непостоечки и фиктивни и не постојат во архивата на министерството, а кај истите е евидентно дека не се потпишани од страна на министерот, ниту пак е употребен факсимил за нивно потпишување.

ЦВЕТАН 2

ЛАЖНИ ДОГОВОРИ

Тоа се лажни договори и појава за што лично министерот Николовски веќе има поднесено кривична пријава. Ова што го објавува Трипуновски не е ништо ново, туку за истото од МЗШВ веќе е пријавено во МВР и ОЈО.

Уште повеќе за првиот договор за кој тврди дека е склучен на јавен повик, конкретниот јавен повик е поништен и ниту еден договор неможе да биде склучен ниту е склучен.

За вториот договор, на претходно писмено барање од општината Бутел, МЗШВ има писмен доказ дека ја известува општината дека таков договор не е склучен.

За третиот лажен договор објавен вчера, МВР веќе води постапки и МЗШВ писмено со доказ го има информирано МВР дека таков договор не постои и не е склучен.

За сите овие манипулации, лаги, невистини и клевети, дознаваме дека од министерот Николовски ќе биде покрената соодветна судска постапка за утврдување одговорност и надомест на штета.

Извор: iportal.mk