Метеж и групирање на протестите на опозицијата организирани како поддршка на насилството во парламентот од 27 април, 2017 година, со повик да се ослободат осудените за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Фотографиите кои се појавуваат на медиумите и социјалните мрежи покажуваат дека демонстрантите на опозицијата не ги почитуваат здравствените протоколи за заштита на јавното здравје. Видливи се големи групирања, многумина не носат заштитни маски, не се почитува мерката за дистанца…

ВМРО ДПМНЕ која постојано критикува дека владините мерки за заштита од корона вирусот не се ефикасни, дека не се навремени, во континуитет ги крши протоколите и придонесува за ширење на Ковид-19. Истото се случуваше на протестите на опозицијата пред Министерството за здравство, а денеска уште повидливо демонстрантите се однесуваат како воопшто да нема пандемија.

Она што друго беше забележано од фото обејктивите е фактот дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеникот Александар Николовски се фотографираа под транспарент кој повикува на слобода за Игор Југ, еден од осудените на затвор за упадот во парламентот. Игор Југ е човекот кој носел оружје за време на инцидентите, па лесно можел некој да настрада. Дополнително, за него Јавното обвинителство имаше обезбедено материјални докази за учевство во насилството и обидот за ликвидација на пратеници. Неговата пресуда од 11 години беше потврдена и од Апелацискиот суд.

Igor-Jug-780x439

Денеска раководството на ВМРО ДПМНЕ покажува солидарност кон Игор Југ со што испраќа порака дека го штити криминалот и застанува во одбрана на насилството, на загрозувањето на уставниот поредок, на државноста и на животот на пратениците и новинарите.