Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб-страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.

За оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи што ги остваруваат.