Граѓанка, на споделена објава од кандидатката за пратеник од Струмица, Ели Панова, коментира дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, според неа е во врска со Игор Јанушев, додавајки дека Јанушев живее во станот на Панова во Скопје.

Ако е ова точно, тогаш дискутабилна е одлуката на раководството на партијата, оваа личност да биде избрана за пратеник од Струмица, и се отвара прашањето кои се критериумите кои ги исполнила Панова за да токму нејзиното име се најде на листата на пратеници во Изборната единица 4.

Како и да е, времето ќе покаже дали се ова само шпекулации или пак вистинити информации.

Ние како портал им стоиме на располагање на посочените, доколку ја демантираат оваа вест, веднаш да го објавиме демантот од нивна страна.