Ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност.

Прогноза за 27.12.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 18°C

Сончево со мала облачност и релативно топло. По котлините ќе има појава на подолготрајна утринска магла и пониска дневната температура. Наместа ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 28.12.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 16°C

Сончево и релативно топло. По котлините ќе има појава на утринска магла и пониска дневната температура.

Прогноза за 29.12.2023
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 5°C до 15°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура.