Во Општина Крива Паланка денес беше пуштена во употреба новата фитнес зона, кај спортско рекреативниот центар-игралиште.
Градоначалникот Сашко Митовски, заедно со министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направија примопредавање и обиколка на новоизградената фитнезс зона на отворено.

1
Новата фитнес зона на отворено е дел од спортскиот комплекс во Општината и зафаќа вкупна површина од 184 м2. Овај нов и модерен спортски терен е обложен со стандардизирана гумирана подлога, отпорна на надворешни влијанија, на која се поставени осум комбинирани фитнес справи и реквизити за потребите на корисниците, како и две табли за кошарка.

igraliste k palanka

Од поставените осум фитнес справи, една е специјализирана за лица со попречености, а останатите седум се комбинирани справи и реквизити за употреба за возрасни лица над 12 години.

332751421_857563965655784_5759569671783465382_n

Целосната финасиска рамка за изградба/поставување на планираните спорски објекти и содржини се во висина од околу 3 милиони денари, а средствата се обезбедени се преку Агенцијата за млади и спорт.