Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос
на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 10.05.2021 година и со тоа, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува
70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 10.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,596 ден/кг

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 68,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 70,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 59,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 34,596 (денари/килограм)