Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври 2019 година изнесува 25.787 денари, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2018 година.

За последниве две и пол години просечната нето плата е зголемена за речиси 3.000 денари.

За споредба од декември 2014-та до мај 2017-та година просечната плата беше зголемена за само 482 денари.

Со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со младинскиот додаток на плата од 3.000 денари за млади вработени во производство и предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте.

Концептот повеќе пари во секое семејство мора да продолжи.