Уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ покажа неконструктивност во Парламентот, блокирајќи го Законот за легализација, вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

“Свесно, преку илјада амандмани беа поденесени од нивна страна, со што оставија преку стотина илјади граѓани во неможност да си ги легализираат нелегало изградените објекти.

Законот за легализација што Министерството за транспорт го предложи има јасна цел: Да се стави крај во узурпација на просторот а граѓаните да добијат законска сопственост над своите домови.

Но наместо тоа, ВМРО ДПМНЕ одбраа да работат против граѓаните и против државните интереси” вели Сугарески.