Во изминативе седум години покажавме како се сака родниот град и како може да живее нова ера.
Генерации на политичари го забораваа крајот, затоа се борев за една идеја за развој на овој крај како никогаш. Да го добие тоа што го заслужува. Пред седум години беше идеја а денес реалност.
Ја добив шансата, и не ја пропуштив, да се борам за доброто на градот на секоја владина седница. За огромна поддршка преку секоја една програма. За многу капитални проекти и инвестиции, за помош буквално на секој.

Затоа денес Крива Паланка е модерна, поврзана и општина што најбргу се развива.
Ветеното за мене е обврска. Денес зборуваме за уште поголеми проекти и планови за развој.
Оние кои не ме познавале, вообичаено ме запознавале среде ноќ или во ниедно време, заради некоја мака или проблем. Мојата врата секогаш била отворена за сите. И кога имало кризи, и кога немало. Така било, така и ќе биде.
Од Вас зависи иднината и концептот за негување и развој на нашиот крај.
Вие најдобро знаете кој има јасна визија, желба, енергија и кој како се борел за многу добри дела.
Не ја затворајте вратата кон прогресот на Крива Паланка, како што јас никогаш не ја затворив вратата за ниту еден од Вас.
Ви благодарам!
Обраќање на Љупчо Николовски до своите кривопаланчани