СДСМ како одговорна партија во континуитет покажува вистинска грижа за сите граѓани. Речиси 13.000 лица, кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари месечно до пензионирање или до вработување, изјави на денешната прес-конференција Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година, добија уште 1.100 лица.

Со ова реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда нанесена на наши сограѓани, кои без своја вина ја загубиле работата.

Овие наши сограѓани и сограѓанки својот век го дале за татковината и затоа Владата предводена од СДСМ смета дека неопходна е потребата да инвестираме во човечкиот капитал, а не во споменици и стиропорни фасади како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Живковиќ.
„Продолжуваме и понатаму посветено да креираме и реализираме мерки и политики, кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

„Едно општество за сите“ е концепт на фер и правично општество, а тоа го покажуваме преку грижата на едни од најранливите: стечајните работници и работнички и долготрајно невработените лица.

Почитувани, СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од граѓаните.

Разликата е јасна“, нагласи Живковиќ.