По вчерашната изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека владејачката партија е мултиетничка партија, веднаш со свои коментари се јавија неколкуте “душегрижници” за СДСM, меѓу кои и новинарот Бранко Геровски кој во својата колумна “СДСМ не е мултиетничка партија, другар Заев!” името СДСМ го спомнува преку дваесет пати.

Со самата изјава, претседателот на СДСМ им предизвика голема нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и нејзините промотори и подржувачи.

Реалноста е дека во СДСМ членуваат и се на високи партиски позиции, македонци, албанци, турци…Тоа е одлика на европските партии. Национализмот не е европска вредност. СДСМ со своето делување покажа дека не ги дели граѓаните, туку ги обединува. Дали на некого тоа му смета и го фаќа паника? Најверојатно да. Сите тие треба да сфатат дека само партија која што обединува може да води напред, нон НАТО и ЕУ. Затоа, на ВМРО-ДПМНЕ и подржувачите на нејзините политики како Геровски и останатите секогаш им смета кога ќе се спомене коалиција која ги обединува сите граѓани заедно, затоа што знаат дека тој што ќе направи таква коалиција ќе биде апсолутен фаворит на претстојните избори. Но таквата можност за широк коалиционен потенцијал ја има само СДСМ под водство на Заев, додека Мицкоски и да сака, како партија на десницата ниту е природно ниту е возможно да направи таков чекор.

Со овој потег, Заев го матира Мицкоски, на кого му останува само да се обиде барем во десниот блок да може да направи некакво обединување со што, барем малку би се намалил се поизвесниот пораз кој го очекува на 12 април.