„Крокодилските солзи“ на пекарите дека со замрзнувањето на цената на лебот ќе трпат загуби искажани, на дневна основа, во илјадници евра и дека заради тоа ќе ги остават граѓаните без основниот прехранбен продукт, во најмала рака е – уцена!
Зошто господата не кажаа колкав профит остварија во изминатиот период, кога двојно ги покачија цените и покрај тоа што ги користат владините субвенции? Ќе кажат ли, ако не им е непријатно, колкава печалба направија од енормно поскапените бели печива, кои до денес не ги поевтинија ниту за денар?
Има нешто што се вика општествена одговорност, хуманост, емпатија која бизнис секторот ја манифестира кон граѓаните во време на големи економски кризи. Има нешто што се вика исав!
Или „напатените“ од мелничко-пекарската индустрија не слушнале за такво нешто?

ФБ статус на Зоран Милошески