МВР денеска се пофали дека експресно го решиле случајот со вчерашната престрелка во скопски Бутел и дека уапсиле еден од напаѓачите поради основано сомнение дека учествувал во вчерашната престрелка и предизвикал “општа опасност”. Утврдено е дека настанот се случил во Синѓелиќ кога од две патнички возила во движење со кои се превезувале 4 лица со автоматско оружје и пиштоли било пукано кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот на настанот.

Добрата вест од МВР би била уште потриумфална доколку по истиот принцип и со ист пристап се постапи и кон чаирското оро кое веќе два дена е главна вест во медиумите и на социјалните мрежи, меѓутоа оваа информација се чини не стасала само до техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев?! По принципот на еднаквост, како за Гевгелија, така и за Чаир, па да се увериме во искрената посветеност и енергичност при спроведувањето на мерките од страна на најповиканиот во тој домен Чулев.

Еве што на таа тема мислат и граѓаните преку својот глас на социјалните мрежи: