Македонците не умираат од ковид, за тоа е крива државата. Се патат од вакцина. Како сите да решиле да седат дома по цел ден и чекаат нешто лошо да се случи. Дури и луѓе што имаат некакви здравствени проблеми од жешково си ги припишуваат на вакцина и не се јавуваат на лекар. Поарно да им влепиш шамар отколку да им кажеш да не драмат, туку аман да шетаат, да мрдаат, да прават нешто интересно. Ако е лошо првиот ден, вториот решете да не ви е лошо. Скоро сите вие сте вакцинирале деца, од многу пострашни болести.
Уште нешто. Секој втор е “алергичен” на пеницилин, аналгин, кетонал… па тие лекови сите ги користат секојдневно. Или скоро сите се со алергија, дури имаат синдром дерматофагоидес. Од нормални споредни ефекти се крена паника мислиш трансплантација на срце им направија. После вакцинација сите можни компликации и сите можни болести излегуваат во 2-3 дена. Да ти е незгодно ако немаш температура 37 и чешкање на малото прсте на левата нога.
Кого следиш, каква информација бараш, така ќе мислиш. Треба да се бараат позитивни искуства, повисоки цели… ако вакцината е тешка, колку ли е тешка болеста. А тек повторување на истата.
Целото семејство во три држави со сите вакцини сме вакцинирани. Освен поспаност и малку грозница или вртоглавица една вечер, никој ништо. Кажете си дека правите нешто за себе и семејството и доста паника. За здравје се работи
ФБ статус на Видана Бошкова Мицевска