Иако е само привремен дополнителен заменик министер во МЗШВ, со рок на употреба до 12 април, кадарот на Мицкоски, Цветан Трипуновски кој отиде во општина Конче да држи прес, во полемика со тамошниот градоначалник Илиев, наместо да одговори на поставените прашања од градоначалникот, тој се смееше цинички и се обидуваше да биде духовит, но во еден момент му кажа на Илиев, кон него да се обраќа со министер.
-Јас сум за тебе министер, му рече привремениот дополнителен заменик, Трипуновски.
На ова, градоначалникот Илиев му порача дека не е ниту за селски конак а не пак за министер.
Трипуновски, ваквиот негов однос го покажа пред неколку дена кога во каубојски стил со камери упадна во подрачната единица на МЗШВ во Берово и делеше закани кон вработените.
Цветан Трипуновски додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт и државното земјоделско земјиште се делеше на пратеници и високи функционери на таа партија, тој постојано беше на високи функции, Директор на државниот инспекторат за земјоделство, пратеник во Собрание, до сега и советник во Петровец.