И ако сè уште постоеше некој оптимист во државава кој со последните атоми здрав разум сакал да поверува дека партиската книшка која Мицкоски ја промовира како решение на проблемите на младите во државава во еден од своите спотови, е само несреќно промашување во сценариото на спотот, многу грешат!
ВМРО-ДПМНЕ очигледно работи напорно и во континуитет со цел да ги убеди младите дека доколку дојдат тие на власт, во државата ќе има работа и живот само за тие со партиска книшка, заслужни активисти на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде работа?
Па, ВМРО-ДПМНЕ не е добротворна организација, а она што зачудува е храброста толку отворено да ја враќаат партиската книшка како единствен важен критериум за опстанок во државава.
Наместо да одиме напред, се враќаме назад.
ВМРО-ДПМНЕ ги третираат партиите како компании, па тие продаваат и купуваат, делат работни места…
Дали тоа значи дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, сите без партиски книшки ќе можат слободно да си ги чекираат билетите бидејќи тогаш “спасителот” нема да ги чека на аеродроми и да ги враќа назад?!
Веќе видено!









































