“Јас Душко Ќумбев заедно со мојот партнер Гордан Кузманов, сопственици на Strada Caffe решивме нашиот тим, вработени, фамилија, коишто максимално беа посветени кон работата, да не ги отпуштаме, односно максимално да им помогнеме во овој кризен период, каде што први на удар сме ние угостителите. Вработените ќе си останат пријавени, по било која цена, бидејќи тие беа тука за нас кога максимално ни требаше поддршка во врска со било што.
Знам како е да немаш, а уште повеќе знам и како е да неможеш да заработиш, не затоа што си неспособен, туку затоа што си отсечен.
Ова е наша одлука, се надевам праведна кон сите.
Издржете, оваа приказна ќе има среќен крај.
Со почит, тимот на Strada Caffe.” – напиша на фејсбук, Душко Ќумбев.







































