Вчера, во Крива Паланка раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со генералниот секретар Игор Јанушев (обвинет за набавката на кинеските автобуси, криминал тежок 5 милиони евра), придружуван од поранешниот градоначалник Арсенчо Алексовски, кој на прес конференција призна дека против него се водат повеќе постапки во судовите како и пратеничката Слаѓана Митовска која е рекорден по непотизам во собранието (Додека ВМРО-ДПМНЕ беше власт, целата нејзина поблиска фамилија беше вдомена во државната администрација и тоа на директорски и раководни места) беа на средби во Крива Паланка.

Покрај средби со партиските активисти и давање лажна надеж на членството дека само што не победиле, овие функционери посетија и неколку погони за производство на чевли.

Јавноста и граѓаните прашуваат: Ова ли е новото лице на ВМРО-ДПМНЕ? Толку ли немаат нови свежи лица во таа партија во Крива Паланка? Ако Арсенчо Алексовски и Слаѓана Митовска се иднината на Општинскиот комитет, тогаш опозицијата во оваа општина уште сега сама си се позиционира на поразената страна.

Што зборуваше пратеничката Митовска со оваа работничка?

Дали и кажа дека таа се вработи во државна администрација веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006 година?

Дали и кажа дека додека таа е пратеничка а ВМРО-ДПМНЕ власт, нејзиниот брат беше унапреден во граничната полиција?

Дали и кажа дека додека таа е пратеничка, а ВМРО-ДПМНЕ власт, нејзиниот сопруг се вработи како инспектор во Агенцијата за храна и ветеринарство?

Дали и кажа дека братот на нејзиниот сопруг, беше директор на подрачната на Македонски шуми во време на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали и кажа дека сопругата на братот на нејзиниот сопруг (нејзината јатрва) за време на ВМРО-ДПМНЕ се вработи во Основниот суд во Крива Паланка?

Дали и кажа дека додека ВМРО-ДПМНЕ беше локална власт а таа пратеник во Собрание, нејзината снаа беше именувана за в.д Директор на Средното општинско училиште?

Не, почитувани, за овие работи, Митовска не сака да зборува. Како што не сака да зборува и да признае дека додека сегашната власт го спремаше законот за минимална плата, нивниот член на Извршен комитет и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, категорично беше против зголемување на минималната плата.

Затоа, јавноста реагира на посетата на овие функционери на фабриките во Крива Паланка каде работничките за време на ВМРО-ДПМНЕ добиваа по 9.000 денари плата, а сега минималната плата која ја добиваат е 14.500 денари и овој потег на ВМРО-ДПМНЕ го сметаат за лицемерен.

“Имавте ли очи да ги погледнете вработените во фабриките во кои бевте. Тие исти работници кои во времето додека бевте на власт земаа по 9.000 денари плата, тие исти работници кои олигарсите од вашата партија ги третираа како робови, тие работници кои работеа и по 14 часа на ден, тие работници кои работеа и по три смени и во неделите… Тие работници, сега земаат минимални 14.500 денари, тие работници ќе ве казнат на 12 ти април” – коментираат гласно граѓаните.