“Не се смеј цинички, гледај ме во очи, не гледај во камерите, човекот гледај го во очи. Толку сте лоши и злобни, сакате брзо да се вратите на власт. Си бил слуга на Груевски и ќе бидеш пак. Водиш популизам. Кажи дали си работел земјоделие, дали од земјоделие имаш извадено 5 денари. Овде не сме во театар, ова е реалност. Во оваа држава треба да се работи а не само гол популизам. Ти ловиш на матно пријателе. Изборите на 12 април ќе поминат, треба да си реален човек. Не го лажи народот.” – му рече градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев на дополнителниот заменик во земјоделство, Цветан Трипуновски.