Во изминатите неколку месеци ВМРО ДПМНЕ покажува колку беше лошо во нивно време и колку полошо ќе биде доколку се вратат на власт сега. Тоа се гледа преку поведението на техничките министри и сите оркестрирани напади кои се сведуваат на лажни вести и полуинформации кои канализираат преку медиуми блиски до нив.
Поведението на ДПМНЕ покажува колку се неспремни за власт, колку носат гнев и омраза во себе и потврдуваат дека се само испостава на Груевски која сака да владее заради фотелја, а не заради потребата од подобар живот во државата.
Најпрво, илустрација на погоре напишаното се техничките министри, кои својата позиција ја сметаат за можност за пресметка со неистомислениците, а не да спроведат легитимни извори. Па противзаконски назначуваат директори, снимаат вработени и изработуваат семинарски и магистерски за пари. Сите тие се борци за името, ама кога се работи за фотелја Северна Македонија е уставното име на државата. Во право беше нивниот Емил Димитриев дека концептот на техничка влада не функционира.
Понатаму, ДПМНЕ толку очајно се обидува да предизвикува перипетии во случајот „Рекет“, а веќе е очигледно дека тоа за нив е издуван балон оти не успеаа екс-премиерот Зоран Заев да го вмешаат во тоа. Па почнаа да измислуваат и други „Рекети“ затскривајќи го фактот дека токму Заев го пријави изворниот случај. Да бидеме начисто, кога се боревме за правда мислевме на еднаква правда без оглед на припадност кон позиција или опозиција. И денешната заложба на нас граѓаните е токму таа – правда по секоја цена! Да нема дилема.
Од тие причини ДПМНЕ сака сите случаи отпочнати од обвинителството да ги стави во политичко-партиски контекст, нешто што на сите нас ни’ штети. Очигледна е и поврзаноста со „Ла Верита“ и обидот политички да се профитира и да се смени курсот на земјата од САД и ЕУ кон Русија со промена на власта, за ДПМНЕ покрај кражбите кои сака да ги продолжи и да ја врати земјата назад. Јасно е како бел ден дека опозициската партија игра клучна улога во мозаикот на спасување од направениот криминал и стртешката определба на Македонија кон ЕУ и НАТО.
ВМРО ДПМНЕ поризведе многу „издувани балони“, додека она вистинското што треба да се процесуира е тоа што ги плаши. Одговорност мора да има, како што мора државата да го комплетира патот кон ЕУ интеграција. Во меѓувреме, мора да се бориме со „издувните балони“ и анти западните сили.
Сотир Габелоски