Магна Интернешнл е канадска компанија за производство на авто-делови (General Motors, Ford, BMW, Toyota, Volkswagen, Honda…)…
Бидејќи македонските медиуми многу малку информации презентираа во јавноста (тие се преокупирани со тоа што изјавил Мицкоски за Заев), јас ќе ви кажам збор-два за компанијата…
Magna International (https://www.magna.com/) е една од најголемите канадски компании и е на листата на Форбс… Има вкупно 160.000 вработени во цел свет, а годишниот обрт на компанијата е отприлика три пати поголем од нашиот БДП…
Прекрасната вест е дека оваа компанија отвара фабрика во Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга… Површината на којашто се гради објектот ќе биде со големина од околу 17.000 м2 и во фабриката ќе се отворат над 1.200 нови работни места… Првите производи (ретровизори за Dacia Duster) планирани се уште кон крајот на оваа 2021 година…
Една од останатите поголеми придобивки од оваа голема инвестиција е и договорот за соработка со домашни компании… Веќе е започнат процес на идентификување на локални компании од Македонија кои би се вклучиле како добавувачи на суровини за „Магна“!
Да не пишувам уште еден статус… Може овде уште една убава вест…
Scalefocus (https://www.scalefocus.com/) отвора нови канцеларии во Скопје, со 70 нови работни места во ИТ секторот!
ФБ статус на Ацо Лукароски