За кого навива опозицијата? За нас или за Бугарија?
Прашувам, пошто од ВМРО-ДПМНЕ и другите „патриотски“ партии ниту еден лош збор не слушнав против Бугарија!?
Критики има за Заев, а нема за Борисов, Захариева и Каракачанов…
Критики има за нашето МНР, а не за бугарското МНР…
Ниту една критика не прочитав за непринципиелните барања на Бугарите?
Се поставува прашање:
Чии патриоти се ВМРО-ДПМНЕ? Македонски или бугарски?
Истото се случуваше кога траеја преговорите и со Грција… Се радуваа на секоја грчка изјава од некој грчки политичар против нас… Еднаш не излегоа на прес за да упатат критики за грчките инсистирања за наши отстапки…
Не, Hristijan Mickoski… Со ваквата бедна и лицемерна политика никогаш нема да дојдеш на власт во Македонија… Ниту па ќе успееш да ја оствариш твојата најважна политичка цел… Да останеш лидер на ВМРО-ДПМНЕ!

ФБ статус на Ацо Лукароски