Тврдеше дека работел про-боно како советник на Груевски, па излегоа докази дека добивал по 5.000 евра месечно…
Тврдеше дека никогаш не се сретнал со Зоран Кичеец, па излегоа снимки дека редовно се сретнувал…
Тврдеше дека видео-снимките од посета во теретана не биле за време на полициски час, туку дека биле лански, па излегоа нови видео-снимки на коишто се гледа дека обезбедувањето носат заштитни ракавици… Па го спасуваше Наќе со глупото објаснување дека тоа било отсјај…
Тврдеше дека се бори за неселективна правда, па излегоа СМС пораки дека ‘ургирал’ во МВР за истрагата против него… Со оној фамозен извичник на неговото име…
Тврдеше дека издејствувал финансиска помош од Словенија, па излезе информација дека парите всушност биле во рамките на проект од ЕУ…
Тврдеше дека не знаел за забраната да се седи во затворен дел од ресторан, а се криел во тоалет во ресторанот и го криеја и го спасуваа келнерки…
Ваков човек, ваков политичар, ваков ЛАЖГО, после толку скандали, во нормална држава веднаш би морал да се повлече од политиката… А не да претендира да дојде на власт!

ФБ статус на Ацо Лукароски