Кога во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт тотално го испартизира спортот… Ги смени раководните луѓе во сите спортски организации… Смени селектори, тренери… Бројни таленти во многу спортови никогаш не облекоа репрезентативен дрес само затоа што биле деца на некој ‘комуњар’…

Кога СДСМ на власт го остави спортот на спортистите… Благодарејќи на тој принцип, селектор на македонската фудбалска репрезентација остана и ИГОР АНГЕЛОВСКИ… На тоа место од 2015 година… И тоа даде резултати…

Во 2016 година бевме на 162-ро место на ранг-листата на ФИФА… Сега сме на 65-тото место… По вчерашната победа, веројатно ќе се качиме уште повеќе…

И уште нешто за крај… Немаше да го пишувам ова доколку не бев испровоциран од некои коментари и статуси од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ коишто и во ваков убав момент за македонскиот фудбал и македонскиот спорт не знаат и не сакаат да се израдуваат… Сега им пречело тоа што Зоран Заев ги чекал фудбалерите за да им ги честита победата и пласманот на ЕП…

Тоа е тој нивни лажен патриотизам.. Не се радуваат на наши успеси ако тие не се на власт!?

ФБ статус на Ацо Лукароски