Златно грло, празна глава?!
Иако на Петрески не му е прв пат да ја бранува јавноста со неговите “бисери”, се чини дека овојпат капката ја прелеа чашата.
Свесен ли е дотичниот пејач дека државата се наоѓа во услови на вонредна состојба и борба со светската закана-коронавирусот?! Свесен ли е дека како естрадна личност јавно објавува дека нема да почитува мерки кои важат за сите, ама внимавајте, за него не?!
Свесен ли е каков пример дава прво на своите најблиски, па потоа на сите останати?! Спремен ли е да понесе одговорност за тоа што гордо најавува бунт?! Тие што умираат секојдневно од ова “грипче” веројатно не се негови блиски, негови роднини и пријатели, па зошто би се секирал, ама некој нека го потсети почитуваниот господин дека никој на светот не е имун.
Во продолжение, објавата на Петрески на социјалната мрежа Фејсбук:
“Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој го наметнуваат како опасен. Опасен да за луѓето со попречен имунитет е на тие луѓе ставете ги во карантин а не сите нас. Кој ли вас ве стави на власт?????”
ФБ статус на Наум Петрески