Додека министерот за земјоделство Љупчо Николовски како што доликува, директно од терен од с.Оризари, во кочанско, го најави почетокот на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини под ориз, кадарот од ВМРО-ДПМНЕ како дополнителен заменик министер Цветан Трипуновски, наместен во кадар позади него Oхридското Eзеро, делеше критики на тема оризопроизводство.
Не е јасно дали Трипуновски е заминат на предвремен одмор или пензија, но добро е некој да му каже дека оризот е во Кочани, а не во Охрид?!
Доколку толку многу е загрижен за оризопроизводителите, нека ги посети во кочанско, каде ќе му објаснат дека тие до своите ниви веќе добиваат вода.
Оваа година површините под ориз се зголемени за повеќе од 200 хектари со што вкупно се наводнуваат 3.700 хектари под ориз, а заедно со другите култури од овој регион 4200 хектари земјоделски површини.