Злоупотреба на државни ресурси за партиски и приватни цели како што е прошетка во Крушево денес со службено владино возило во недела.
Како Градоначалник на Крушево би ја прашал техничката Министерка за труд и социјална политика во какво својство беше денес во Крушево и за какви цели?Дали ги посети таргет групите или барем оддели време за социјално загрозените семејства и ранливите групи пред да се слика во ОК ДПМНЕ, прошетката кај споменикот ,,Македониум” или пред да отседне во еден локален ресторан до касно во ноќта!?
Сигурен сум, а и сите ќе се сложат, со потрошеното напразно гориво и ангажирањето на други лица кои сигурно ќе се платат од државна сметка денес многу ќе ни значеше ако не доаѓавте Крушево, додека со тие пари кои ги потрошивте ќе украдевте барем некоја насмевка кај некои од тие ранливи категории во нашата општина за кои секојдневно треба да се борите.
Фејсбук статус на Томе Христоски, градоначалник на Крушево