„Крв, солзи и пот“, беше единственото нешто што Винстон Черчил го вети на британците на 13 мај 1940 кога ја прифати понудата да формира влада. Единствената политика која ја вети беше многу месеци борба и патење. И британците разбраа, прифатија и се бореа за време на војната, но и потоа кога дисциплирано, во ред, со бонови во рака, чекаа во ред за леб и компири. Крајот вроди со успех.
Вистинските лидери, во кризни моменти, застануваат пред својот народ, ја кажуваат вистината и повикуваат на солидарност, понесување на дел од товарот и трпеливост. И покажуваат личен пример. Дел од нас го имаат комодитетот да учествуваат седејќи дома само неширејќи го вирусот. Наши блиски, вклучувајќи и мои најблиски, се на сензитивни, неопходни работни места. Одат на работа секој ден лекари, сестри, полицајци, војници, цариници, возачи, хигиеничари, пекари… Мора да бидеме солидарни со нив.
Пред нас и светот следи економска криза од која последици ќе има кон сите. Својот дел од товарот мора да понесе секој, стоички, без плачки и галама што ја слушаме секој ден од десетиците контактни емисии, текстови по квази порталите и ФБ статуси. Ситничари, конспиратори, плачковци, сезнајковци, оговарачи и паничари!: Доста е веќе, а само почеток е.

ФБ статус на Валентин Нешовски