Додека беше на власт ВМРО-ДПМНЕ, сите приватни стопанственици стравуваа од нарачаните инспекции.

На продавнички со вкупна вредност на роба од 2000 евра, им се пишуваа драконски казни од по 3500 евра. Замислете, која лудост!

Вработените во ваквите колонијали и маалски продавнички, на работа си носеа апчиња за смирување, баш поради тие инспекции кои сееја страв.

Страв да не влезе инспекторот, страв да не напише голема казна, страв како ке се продолжи со работа, страв дали ќе може да се плати високата казна. Секој ден ист страв, се живееше во страв, животот поминуваше во страв. Тој стрес, се пренесуваше дома во фамилијата и се ствараа дополнителни проблеми.

Со тој начин на владеење, ВМРО-ДПМНЕ, смислено ги држеше граѓаните во страв, за да може полесно да ги контролира.

Секој кој ке се побунеше, веднаш ќе му летнеше “главата”.

Во општинските комитети се водеа списоци на фирми, чии газди не се блиски до ВМРО-ДПМНЕ и против истите се конструираа случаи, се праќаа инспекции и им се затвараа бизнисите.

За разлика од тогаш, во последните три години, не само што нема нарачани инспекции и затварање на фирми, туку и кај тие што реално ќе се воочат мали грешки, најпрвин се опоменуваат. А ако дојде до казна, таа е за 50% помала од предходно.

Ако до пред три години кога ќе се спомнеше УЈП, не асоцираше на жолтите траки и инспектори кои за 150 денари помалку и повеќе промет во каса затвараа фирми и изрекуваа казни од по 5.000 евра, сега УЈП е партнер на граѓаните и стопанството.

Со проектот МОЈДДВ не само што драстично се зголеми наплатата на ДДВ, туку и секое семејство има бенефит, односно државата враќа пари назад кон граѓаните, директно на трансакциска сметка.

Во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, онаа фирма која ќе помислеше да побара повраток на ДДВ, одма беше ставана на црна листа и подлежна на дополнителни контроли, нешто што сега е минато.

Затоа, кога го гледаме Мицкоски како ветува се и сешто, мора да се потсетиме како тој и Груевски, како премиер и советник на премиер владееја со државата.

Вака нереформирана и без нови лица и сериозна програма, опозициската партија реално не може да ја убеди јавноста и електоратот во добивањето на довербата.

Граѓаните многу добро паметат како се затвараа фирми и пишуваа казни во илјадници евра. Тоа е едно темно време од владеењето на предходната власт кое народот не може туку-така да го заборави.