На вмровското лицемерие му нема крај! Продаваш пропаганда за грижа на граѓаните, посебен акцент ставаш на делот кај што се опфатени ранливи категории на граѓани, а пази, НЕ ГЛАСАШ ВО СОБРАНИЕ за законот за поддршка на граѓани со низок доход, каде што се опфатени самохрани родители, корисници на право на социјална сигурност, корисници на пензија, деца без родители и родителска грижа. Да, за пратеничката од Струмица зборувам.
Почитувана Ели Панова, со кое лице ќе се појавите и ќе барате поддршка од граѓаните, а воедно свесно го кочите процесот на помагање на истите? Следете ја седницата во и уверете се во вмровското лицемерие во живо.
ФБ статус на Ани Касапова