Омразата на национална основа во нашето опшество не е ништо ново. Ова што го гледаме низ улиците на Скопје е само резултат на долгогодишната лоша политика кога е во прашање соживотот во нашата држава. Наместо да не спојат, не споделија! Наместо да не зближат, не одалечија! За сето ова да се нормализира треба да се смени цела една генерација. Затоа, работете со најмалите, зборете им за вредностите на секој човек, зборете им за тоа што не прави исти, зборете им за љубовта и зборете им за почитта. Само така ќе можеме да се оправиме како опшество и да идеме напред како држава. Уникатни сме. Толку народи и толку вери во една толку мала држава, тешко дека ќе можете да најдете негде друго во светот. Криво ми е, особено ради фактот што мојата генерација порасна во мешани средини и созреа во училишта каде барем меѓу смени се дружевме и се запознаевме едни со други. Ама ајде, ќе не биде! Ваљда!

ФБ статус на Ваљон Салиу