Инфектологот Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, вчера во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 зборуваше дека маските се штетни по здравјето и дека тој се подготвува пред Уставен суд да ја оспори оваа заштитна мерка, особено носењето маска на отворено.

Додека пак во петокот Мицкоски преку видео порака на социјалните мрежи ги повика граѓаните да носат маски и да бидат внимателни.

Значи Мицкоски повикува да се носат маски, а Марковски укажува дека маските се опасност. Очигледно двајцата се со спротивставени ставови, но со каква цел? Ваквите настапи се продолжение на неодоговорното однесување на ВМРО ДПМНЕ, карактеристично во изминатите осум месеци, откако започна пандемијата.

На крајот, Мицкоски во видеото од петокот ги предупредуваше граѓаните да внимаваат, да носат маски, да не се групираат, да не излегуваат од дома… односно ги истакна владините мерки за заштита кои ги критикува во јавноста. Што значи и Мицкоски сам по себе е контрадикторен.