Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот говор од Ташмаруништа по повод Денот на Републиката направи гаф.

Имено Мицкоски наместо да упати честитки по повод денешниот празник Илинден, тој честиташе Велигден.

„Почитувани жители на струшко Ташмаруништа, задоволството е мое што традиционално денес сум тука, секогаш сте добри домаќини. Вам и на сите Македонци, каде и да сте, честит Велигден“, посочи лидерот на опозицијата.