До нашиот портал пристигаа реакции од граѓани на Пробиштип, загрижени за непочитување на препораките за заштита од коронавирусот од локал во сопственост на екс градоначалникот, Тоневски.
“Во време кога се справуваме со пандемијата од коронавирусот, синоќешната масовна забава во угостителскиот објект во сопственост на поранешниот градоначалник на Пробиштип – Тони Тоневски, е само мал доказ дека личниот интерес е пред грижата за граѓаните.” – стои во реакцијата.
Оправдани се бројните реакции на голем дел граѓани како и сопственици на угостителските објекти, коишто изминатиот период ги почитуваат мерките и протоколите за работа, дури и некои правни субјекти не работат, затоа што бројот на заболени во Пробиштип изминатиов период достигна до 15 лица.
Доколку ваквите скандалозни настани продолжат и во иднина, ќе се доведеме во сериозна ситуација од рапиден пораст на бројот на заболени.