“Свирете ја зајди, зајди” е композиција која Олгица Христовска ја изведе на фестивалот “Макфест” во 1992 година и победи.
Но, малкумина тогаш знаеја дека автор на композицијата која стана антологиска е Драган Вучиќ, кој за жал на 4 мај ја изгуби битката со Ковид-19.
Во негова чест, Олгица Христовска и група музичари предводени од композиторот Љупчо Мирковски се собраа и направија нова изведба на песната, во чест на прерано починатиот колега и порачаа “Твојата музика нема да зајде”!