По министерката Мизрахи, денеска уште еден владин функционер од ВМРО-ДПМНЕ го употреби името СЕВЕРНА.
Техничкиот министер во МВР, кадар на Мицкоски, Наќе Чулев денеска на фејсбук информирајки за неговата средба со амбасадорот на Италија го спомна името Република СЕВЕРНА Македонија, нешто на што додека не седнаа во фотељите, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски го одбегнуваа и беа против.
Но не помина многу време, откако јавноста почна да реагира и веднаш текстот во објавата беше сменет.