На денешен ден, 18 февруари, во 2004 година во една од најголемите катастрофи, при експлозија на товарен воз со 51 вагон кој превезувал сулфур, бензин и ѓубриво кај градот Нишапур во североисточен Иран загинале повеќе од 300 луѓе, со над 400 повредени а пет села биле уништени.

Од силната детонација испукале прозорците на зградите оддалечени повеќе од 10 километри од местото на несреќата.