На денешен ден во 2015 година, тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев ја објави 13-та таканаречена бомба од проектот “Вистината за Македонија”.

Сите аудио снимки од оваа бомба се помеѓу Никола Груевски и неговиот извршител Миле Јанакиески и во нив, Груевски лично, прецизно, договара со Јанакиески каде и колкава ќе биде парцелата на Водно која што ја сака, на име на фирмата од Белизе, каде што управител е неговиот кум – за којашто бара: “да се прошири нагоре“, се интересира за “највисоката точка“, сака никој да нема “над него“, бара “пат“ што води до оваа парцела, тргува со плацеви, блиску до куќата на Тодоровиќ на Водно, како му е важно и `се да се среди “до април“, итн…

Во овие разговори Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата, а Миле Јанакиески уште предлага “да му најдат маана“ за целиот товар да падне на грбот на Фијат Цаноски против кого е насочен одмаздничкиот чин. Сето ова е со цел за да се спаселе од одговорност градоначалниците на Гази Баба и на Скопје, Тони Трајковски и Коце Трајановски, бидејки тие му дале одобрение за градба на Цаноски согласно закон, да го гради објектот што му го рушат Никога Груевски и Миле Јанакиески.