На 9-ти април далечната 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Од тој ден 9-ти Април е прогласен за ден на македонските железничари.

Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево – Охрид преку тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата е теснолинејка или наречена „пампур“ или „чајниче“. Во 1923 се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје, односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“.

Во 1937 година почнува изградбата на новата железничка станица во Скопје која трае 3 години. Во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот, имала огромен хол од 1000 м 2 со подземни премини и повеќе покриени перони.