На денешен ден во 1976 година, Стив Џобс и Стив Возњак ја основаат компанијата “Епл” (Apple).

Apple, порано позната како Apple Computer, Inc.,е aмериканска мултинационална корпорација со седиште во Купертино, Калифорнија која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и персонални компјутери.
Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак, iPod музички плеер, iPhone смарт телефон и iPad таблет компјутери.