На денешен ден во 2011 година во близина на брегот на Јапонија се случи земјотресот во Тохоку, Источна Јапонија, кој беше подморски текстонски земјотрес со јачина oд 9,0 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот беше околу 70 км источно од Полуостровот Ошика на Тохоку и хипоцентар на подводна длабочина од околу 32 км. Тоа беше најсилниот познат земјотрес што некогаш ја погодил Јапонија, и еден од петте најсилни земјотреси во светот, откако започна современото водење евиденција во 1900 год. Земјотресот предизвика моќно цунами со бранови кои достигнаа височина до 40,5 м во градот Мијако, а во околината на Сендаи стигнаа до 10 км на копното. Земјотресот го помести Хоншу за 2,4 м на исток и се проценува дека ја помери Земјата околу својата оска меѓу 10 и 25 цм.

Цунамито предизвика голем број на нуклеарни несреќи, пред сè топење во три реактори во никлеарната централа „Фукушима 1“ кое сè уште трае, поради што мораше да се евакуираат околните подрачја што влијаеше врз стотици илјади жители.

Во земјотресот загинаа 16 000 луѓе, а 2 500 се водат како исчезнати.