Денот на младоста бил одбележуван секоја година на 25 мај и бил еден од најголемите празници кои се празнувале во екс СФРЈ. Празникот се одбележувал во периодот од 1945 до 1988 година, најпрво како роденден на Јосип Броз Тито, за подоцна да прерасне во празник, односно Ден на младоста.

Главен симбол на овој празник била штафетата на младоста, која во период подолг од еден месец била носена низ територијата на Југославија, а на 25 мај му била предавана на Тито на величенствениот слет организиран на стадионот на ЈНА.