На денешен ден во 2002 година женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. Кометал Ѓорче Петров во мечот за титула го совлада тимот Херц со 26:22 и ја надополнија разликата од првиот меч кој што се играше во Унгарија кој заврши со пораз од два гола на Кометал ЃП 25:27.