ДОЛГА Е РАКАТА НА ОНОЈ ОД БУДИМПЕШТА

Толку долга што дури оттаму ќе ги контролира градоначалниците на ВМРО – ДПМНЕ.

Враќањето во врвот на партијата на кумот и министер за финансии на Никола Груевски воопшто не е наивен чекор.

Оној кој нарача тепање на пратеници во 2012та, тој кој ги обезбеди милијардите за налудничавиот проект “Скопје 2014”, човекот од највисока доверба на Груевски и Мијалков сега ќе биде “камшикот” за вмровските градоначалници.

Ова само потврдува дека во таа партија, не само што е вкоренет груевизмот, туку истиот се негува и надградува, сокривајќи се зад ликот на професорот Мицкоски.

Мицкоски се слика во работно време злоупотребувајќи вработени од општини, промовирајќи проекти започнати од СДСМ.

Советници на ВМРО – ДПМНЕ потпишуваат меници за да бидат држени под контрола и да гласаат по команда на партијата.

Дали некогаш оваа партија ќе се реформира и демократизира⁉️

Дали ќе се најде јунак да се спротивстави на ваквите груевистички политики на Конгресот на ВМРО – ДПМНЕ на 12 Декември ⁉️

Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе го следи СДСМ и ќе обезбеди непосредно гласање на целото членство ⁉️

Се надевам, но за жал, не верувам❗️

ФБ статус на Стефан Богоев