Не, ние народот сме чудна сорта. Многу бргу ќе се заситиме од нештата и ќе бараме нешто ново, нешто непроверено, без да знаеме што можеме да изгубиме.
Крива Паланка не памети личност како Љупчо кој како млад политичар, ни покажа на сите како се сака родниот крај.
Заради нас и нашиот град, заради секоја отворена врата што ја имавме токму од него во Скопје изминативе години, и заради огромните проекти кои ги насочи накај Крива Паланка, во Скопје почнаа да му замеруваат. За да помогне на нас и нашиот крај, тој си ја жртвуваше својата политичка кариера во Скопје. На нас е редот да му изразиме поддршка, да се одважиме, да го поддржиме со една порака, дека заради него, ќе ги засукаме ракавите и машки ќе одработиме. Ќе ги убедиме нашите најблиски, ќе ги замолиме нашите роднини и пријатели со глас за Љупчо, пред господ да бидеме чисти дека, да тој ни помогнал кога нам ни било најтешко, но ние не сме стоеле настрана кога нему му била потребна нашата помош.
Фејсбук статус