Седам така…дождливо и досадно гледам низ нетов што се се врти и неможам да поверувам
“Гепек Ага” ни соопштува преку “Токи Воки Паша” дека устварни некој ни ги украл изборите 2014 година и они не биле уствари на власт.
Таму некаде Струмичко село некој купувал гласови, слушам јас упорно се набедувам дека е така а во ушите ми одекнува гласон на Силванева( која како Желка-Неделко одеше за Софија преку Италија) како му објаснува на “гепек агата” дека уствари ејдиси некој нивни цела Струмица рекетирал.
А овој грижливо и објаснува на Силванева како да разликува рекет од доброволно давање пари, пази богати многу е ова драматично.
И там се отргнав од тоа да не ми зуи во главата тој разговор дека нели друг купувал гласови де, ми дојде Горде како збори со она едно кускуле со треперлив глас како и реферира каде се е подкупено и кој се успеал да посети и мхм “убеди”
И ај и тоа го збришав од глава викам Ерко освести се…
Туку ете оние гревчињана од Максим Ѓорѓија улица што живеат кај дрвоно пред очи како бегаат од камери и брзаат на петото место да гласаат.
Ништо се откажав да размислувам за да си правам апсурдни состојби од реланоста
Ама едно прашање ми се уврти во глава.
Го гледав Наќе како го емитира Оливер со фризурана и пола саат разнесува знамиња да го сокрие Северна а на амблемот од полицијата на екран онолкаво Северна Македонија.
Да не се мрднам ако не очекував ко Јонче да го извади сакото и закачи на екран еве на.
И си се прашувам сега…
Овие луѓе кои претендираат да бидат чувари на уставот редот и поредокот ме зафркаваат или не го почитуваат уставот и законот?
Одма ми текна оддмма
Абе они ги тепаа дека им направија 61 пратеник пред нив, затоа е!
Авторов е свесен дека постојат луѓе кои нема никогаш да ја прифатат додавката и тие се за секоја почит, ама нели е бе купување нивни емоции на нај брутален начин да им кажувате дека ќе го бришете, срамота е луѓено мислат стварно можете.
Глупо е затоа што е трговија не само до гласови туку ударате на нај емотивното поле а гледаме слушаме сведоци сме дека под тоа име и се сликате и се преставувате и воопшто не ви смета да го “поткрепате договорот” ама позади завеса.
Зошто ги терате со апсурди да ја игнорираат реланоста, зошто?
Уште пред пет години во еден сличен текст напишав дека овие апсурди ќе ви се удрат од глава ете ги…
И така ви велам 2014 год Струмичко некое село некој……
А А1 бе… ќути ќути…
Да се ова е 2014 година драги мои
Три пати ме колнеа да не го пишувам ова три пати да не се мешам во овие партиски карма каши
Не додржав се извинувам..
Пријатно попладне на сите….
И законот да го гласате слушате не ми се дреме заради вас.
Ете ветувам ќе ќутам више не пишувам..
ФБ статус на Ерол Ерко