Евровизија е музички натпревар на земјите од Европа кој обезбедува видливост и можност за секоја земја да се претстави со своите музички достигнувања.
Таа манифестација покажува во чие друштво сте, на кое ниво сте и колку сте слични или различни од другите.
Таа може би не им е потребна толку на Велика Британија, на Франција или на Италија. но им значи многу на земјите кои сакаат да покажат дека се и тие Европа.
Затоа толку многу се трудат на неа да учествуваат и Украина и Молдова и Албанија и Србија и многу други земји од регионот.
Македонија донела одлука оваа година да не учествува од финансиски причини.
Одлуката ја донела Македонската радио и телевизија, со образложение дека нема пари за учество на таков настан и дека ќе се посветена на обележувањето на некои свои годишнини.
И толку од нашата желба и посветеност да бидеме дел од Европа, да останеме видливи за Европа и да бидеме во друштвото на земјите што се идентификуваат со Европа.
Тоа не е политика на штедење, туку кусогледост и самоповлекување и изолирање.Покажување пред светот како ги поставуваме приоритетите и колку пред нас во промоцијата на својата музичка култура се и Албанија и Молдова и Украина кои нашле доволно пари за настап на Евровизија и си купиле билет за влез во тоа друштво.
ФБ став на Ѓорѓи Спасов