Не сум правник, и однапред се извинувам ако грешам, но прилично ме збуни една реченица од соопштението издадено по општата седница на Врховниот суд, одржана на трети март.
Го цитирам спорниот дел: „Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија ги следи актуелните состојби во судството, особено прашањата што се однесуваат на независноста и самостојноста на судската власт, како гарант, односно баланс помеѓу законодавната и извршната власт, притоа обезбедувајќи соодветен пристап на граѓаните до правда и правични судски постапки, почитувајќи го Уставот, законите и меѓународните документи (…итн).“
Не знам како врховните судии ја склопија оваа фраза и од каде ја ископаа ваквата „улога“ на судството? Кога веќе се повикуваат на Уставот, сигурно знаат што пишува во членот 8 од Уставот, според кој, во темелните вредности на уставниот поредок на државата, меѓу другото, е и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска.
Прочитајте ја целата колумна на Катерина Блажевска на следниов ЛИНК